My Writings. My Thoughts.
Шангај EXPO 2010
// април 29th, 2010 // No Comments » // блогосфера, вести, пари, патепис, сешто, фото
На 01 мај 2010 се отвара Шангај Светската изложба 2010 на која се очекуваат околу 100 мил. посетители од кои 95% се Кинези.Ќе трае 6 месеци и се вика ,,Подобар град , подобар живот‘‘.Шангај потроши околу 59 млрд. долари за подготовките на EXPO , повеќе од сумата што беше потрошена за Олимписките игри во Пекинг.Еве некои слики од фасцинантните градби во Шангај.

Кинескиот павилјон

Панорама на Шангај и реката Хуангпу од Шангајскиот Светски Финансиски Центар-492м

Амерички павилјон

Рускиот павилјон

Павилјонот на Полска

Павилјонот на Британија

Комшиите

Хрватска

Шпанија

Австралија

Иран

Индија

Македонија во заедничкиот Европски павилјон

Елада

Словенија

Турција

Експо 2010
Концептот со кој земјата ќе се претстави на годинешната светска изложба ЕКСПО Шангај 2010 е насловен „Пчелино гнездо“, што има двојна улога – покажување на урбаната средина и на природата .Целиот македонски павиљон е на 324 метри квадратни и целосно наликува на гнездо на пчела.Македонија во наредните шест месеци во Шангај ќе има презентации на шест различни теми.Првиот месец презентацијата на Македонија ќе биде под темата „Традиционална здрава храна и вино“, во вториот месец темата ќе биде „Занаетчиство, рурален развој и модерна економија“, а во третиот темата е „Локални специфики и локален развој.

Вака требаше да изгледа Македонскиот павиљон
Македонскиот двокатен павиљон е во форма на пчелино гнездо, а саќињата од гнездото ќе претставуваат слики од македонските културни, природни и традиционални вредности и убавини, додека сцената сместена во внатрешноста овозможува организирање на различни културни настани пред светската јавност

Пчелино гнездо
Германците лути што ќе плаќаат за луксузните грчки пензии
// април 28th, 2010 // No Comments » // блогосфера, вести, пари

Прашање е на денови кога Германија ќе започне со делење милијарди помош на Грците според кацеларката Ангела Меркел
Но за некои експерти Грција е ништо друго туку буре без дно.Сега гневот расте во Германија , па многу прашуваат зошто треба да го финансираат луксузниот грчки пензиски систем.
Секој кој започнал да прима пари пред 1993 г. и имал работено 35 г. може , според Eurostat , да смета дека ќе добие пензија во 80% износ од просечната заработка во последните 5 години.Тој што започнал после 1993 ќе добие 70%.
Во Германија процентот е 46 а во иднина 42.Тоа е поврзано со просечната плата од целот работен век.
Грците добиваат 14 пензиски исплати во една година – месечно плус екстра за Велигден и Божиќ.Германците добиваат само 12 исплати.
Пензиите во Грција се зголемуваат во процент повисок од стапката на пораст на потрошувачката кошница.Во Германија помеѓу 2004 и 2006 имаше замрзнување на пензиите, но во Грција тие пораснаа за 11%.Сега е првпат да се замрзнати пензиите во Грција.
Грците треба да плаќаат придонеси за пензии , но за разлика од Германија ,не за здравствена грижа и социјални трошоци.
А потоа тука е уште една чудна посебна грчка одредба:немажените ќерки на војнички и полициски офицери ги наследуваат пензиите на нивните татковци и ги примаат до крајот на својот живот.
Треба ли Германците наскоро да ја превземат одговорноста за тоа?
Факт е дека во Грција придонесот е само 6.67% од бруто платата споредено со 9.95% во Германија.Владата субвенционира од даночните приходи.
Ова значи дека додека скршената Атина бара помош однадвор , Германија и останатите од ЕУ , мора да истураат пари во пензиската јама без дно н а Грција…
Грција Германија
| Години стаж потребни за пензионирање | 35 | 46 |
| Пропорционален однос плата/пензија | 80% | 46% |
| Пензиски исплати во годината | 14 | 12 |
| Пензиско зголемување 2004 | 3% | 0% |
| Пензиско зголемување 2005 | 4% | 0% |
| Пензиско зголемување 2006 | 4% | 0% |
| Минимална исплата- евра | 445 | 600 |
| Максимална исплата-евра | 2538 | 2100 |
| Минимална возраст-мажи | 65 | 65-67 |
| Минимална возраст жени | 60 | 65-67 |
| Просечна влезна возраст | 62.4 | 63.2 |
Извор Bild
Шеги за Исландските вулкани и банки
// април 24th, 2010 // 2 Comments » // Некатегоризирано, блогосфера, сеир, сешто, хумор
Добредојдовте во Исланд.Ние сме во реконструкција-ве молиме да не извините за прашината.
Последната желба на Исландската економија беше нејзиниот пепел да се истури врз Европа.
Нема вулкан во Исланд , Чак Норис ја распали скарата.
Што му викаат пилотите на вулканот?
Shut up,you ash-hole!
Гласајте за Вулканската партија на следните избори , направи повеќе за имиграцијата во 5 дена од политичарите во последните години.
Келнер ,има пепел во супата!
Еее нема муви повеќе ,забрането е за прелетување.
Како да ги замрзните вашите финансии ?
Инвестирајте во Исландска банка.
Исланѓаните на референдум до Британците и
Холанѓаните ,заборавете го Icesave kiss my ash !
Прво Исланд банкротира , потоа се запали – мора да е измама со осигурувањето.
Мафијата :Си играте со Исланд.Ќе ви ги затвориме сите аеродроми !
Најстари 10 постојано населени градови во светот
// април 5th, 2010 // 10 Comments » // блогосфера, историја, општество, патепис, сешто
Иако поминале декади , векови и милениуми од првото населување на номадските племиња ,неколку древни градови сеуште опстојуваат и го преживеале тестот на времето.Поминале низ разни војни , климатски промени , имиграции и различни разурнувања , но тие опстанале и постојат до ден денешен.Еве некои од нив.
Дамаск – Сиријa

Дамаск , сегашниот главен град на Сирија има долга и живописна историја која се развлекува најмалку 12 000 години наназад.Градот е лоциран во плодниот регион на реката Барада , и често бил цел на напади на разни освојувачи.

Денес таму живеат преку 4 мил. жители , во град кој е испреплетен со бројни канали изградени пред 3500 години , многу паркови и зелени места.Од 1979 градот е во УНЕСКО – вите заштитени градови.Во 2008 е избран за Арапски град на културата.
Ерихон/Jericho - Западен Брег

Ерихон град со околу 20 000 Палестинци ,сместен блиску до реката Јордан и е датиран како 11.000 години стар град.Пронајдени се тврдини од камен уште од 9000 г пне , а исто значајно е дека е 70 пати спомнат во Еврејската Библија.

Интересно е дека Ерихон е сместен 258 м. под нивото на морето
Библос -Либан
Библос е грчко име за феникијскиот град Гебал.Денес е сместен во Либан и се смета дека е основан 5000 г. п.н.е , што значи дека егзистира веќе 7000 години.Исто така се спомнува во Библијата како место од каде потекнуваат градителите на Соломоновиот храм.
Тука се пронајдени и записи од Феникијската абецеда најстарата линеарна абецеда на светот.
Сидон -Либан
Третиот најголем град во Либан со околу 200.000 жители , сместен на Медитеранот.Населен е во 4000 г.п.н.е а некои сметаат и порано.Тоа би значело најмалку 6000 г. континуиран живот на овие простори.
Хомер ја опишува вештината на фенилијските занаетчии во изработката на стакло и боја.
Суза-Иран
Суза или како некои го нарекуваа Шуш се смета дека е основан 4200 г. п.н.е а дека има траги на живот уште од 5000 г п.н.е.Тоа егзистирање од најмалку 6000 год. го прави да е на листата на најстарите градови со континуитет.
Тука е пронајден и Законикот на Хамураби во 1901 г, и тој денес се чува во Лувр.Запишан а на стена од диорит висока 2,62 м. и се смета дека во Суза е донесен од Месопотамија како воен плен.
Пловдив -Бугарија
Пловдив е вториот најголем град во Бугарија со популација од околу 380.000 жители.Остатоци од населби се најдени од 4000 година п.н.е што значи дека егзистира веќе околу 6000 години.Стара Тракијска населба , која понатаму најпозната била како Филипопоулис , по Филип II Македонски а понатаму како Пловдив по старото Тракијско име. 
Ерусалем –Израел/Палестина
Ерусалем-Светиот град е најголемиот град помеѓу Медитеранското и Мртвото Море со популација од околу 765.000 жители и во историјата датира уште од 4-тиот милениум п.н.е.
Во текот на својата долга историја Ерусалем е уништен 2 пати ,сардисан 23 пати , нападнат 52 пати и ослободуван па повторно заробен 44 пати. 
Варанаси-Индија
Варанаси или Бенарес е еден од најстарите градови во светот кој го основал Шива некаде околу 4000 г. п.н.е на обалата на реката Ганг.Тој е еден од седумте свети градови во Индија.
Во Бенарес живеат околу 1,370,000 жители а околу 1 мил. Индијци доаѓаат на молитва секоја година.Америчкиот писател Марк Твен за Бенарес има речено:‘‘Бенарес е постар од историјата , постар од традицијата , постар дури и од легендата , а изгледа двапати постар од сите тие заедно ‘‘. 
Газиантеп-Турција
Газиантеп , порано Антеп е шести најголем град во Турција (1.250.000) и е најголем град во Југоисточна Анадолија.Основан е околу 3650 п.н.е што го прави старец од околу 5700 год.
Газиантеп е еден од најразвиените градови од истоимената провинција и неговата историја досега назад се до старите народи Хетитите 
Во центарот доминира Раванада цитаделата реставрирана уште во VI век.
Денес е познат како центар за производство на фстаци,маслиново масло и вино како и лахманчу и баклава.
Бејрут-Либан
Бејрут главниот и најголем град на Либан (2.1 мил) е најголемото пристаниште во земјата и се гордее со историја постара од 5000 г.Ископувањата имаат откриено остатоци од сите цивилизации низ времето како на Феникијците,Хелените,Римјаните,Арапите и Османлиите.
За време на римското владеење тука веќе има 3 официјални училишта за право (533 г) а после катастрофалниот земјотрес 551 г. студентите се префрлени во Сидон.Во земјотресот загинале околу 2500.000 жители.Под Арапите потпагаат во 635 г.Потоа под Кралството на Ерусалем,па Османлиите и културите продолжуваат да се мешаат.
Во 1911 во Бејрут живеат околу 36.000 Муслимани , 77.000 Христијани , 2500 Евреи и 4500 странци.
И покрај сите војни , освојувања , поделби и разурнувања Бејрут беше наново граден и возобновуван за да остане модерен и атрактивен град , па во 2009 е посетен од околу 2 мил. туристи.
The New York Times во 2009 го рангира Бејрут како дестинација бр.1 во светот од листата на 44 можни атрактивни локации за посета .

Анкети и манипулации –како тоа изгледа во Америка
// март 28th, 2010 // 2 Comments » // блогосфера, вести, интернет, кариера, колумни, медиуми, општество, политика, сешто
Дека Обама е социјалист , муслиман ,антихрист и анти-Американец
Во анкета на Harris Interactive спроведена на 01 март 2010 над 2320 возрасни online учесници во САД, кој биле на различна возраст , пол ,раса и со различно образование добиени се запрепастувачки резултати.
Сега првата реакција сигурно може да биде – глуп народ .Во САД 86% од населението е со завршено средно образование (кај нас 53% се со основно или незавршено средно).Околу 32 мил. граѓани на САД се на граница на писменост.Но дали е само во тоа проблемот?
Погледнете ја разликата помеѓу анкетираните со средно и оние со факултет.
Тој е социјалист (45% и 20%)
Сака да им го одземе правото на носење оружје (45% со 19%)
Тој е муслиман (43% со 9%)
Не е роден во САД и нема право да биде избран за претседател(32% со 7%)
Тој е расист (28% со 9%)
Антиамериканец е (27% со 9%)
Прави многу работи што ги правеше и Хитлер (24% со 10%)
Аналитичарите велат дека бројките шокираат но не изненадуваат.Ова треба да биде последен повик во САД да се престане со сеење страв и пумпање на хипер подвоеност во партиските табори(partisanship)-хмм ова ми изгледа познато од некаде! Понатаму велат дека треба да се престане со играње со динамит и со демонизирање на претседателот и континуираната поделба на земјата , запомнете патриотизмот е поважен од партизмот.
Критичарите велат дека ваквите анкети се правени на интернет каде анкетираните добиваат поени кои се разменливи за пари или поклони и со самото тоа не се случајна група.Исто така не е понуден алтернативен одговор , како и сугестивниот тон на тврдењето дека ,,некои луѓе сметаат дека Обама е ….‘‘Сериозен пристап би бил на пр. прашањето: ,,Дали знаете на која религија припаѓа Барак Обама?Дали е Христијанин, Евреин , Муслиман , Будист , Хинду , атеист , агноцист или нешто друго ?‘‘
Мене ме интересира на пр. што ќе беше одговорот (посебно од едуцираните) ако ги прашаа во стилот ,,некои луѓе сметаат дека Обама е пингвин ‘‘!
Ахмет Давутоглу – Турскиот Кисинџер
// март 25th, 2010 // 6 Comments » // блогосфера, вести, кариера, политика
Нео – Османлизмот и Стратегиската Длабочина

Денешната посета (25.03.2010) на Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на Република Македонија е заради отварање на почесен конзулат на Р епублика Турција во Охрид , како и посета на спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола, и шарената џами ја во Тетово.Ќе се состане со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како и со премиерот и претседателот на Собрание.
Оваа посета ме предизвика да напишам некои факти за креаторот на Турската надворешна политика.
Кој е Ахмет Давутоглу?
Професор по политички науки, роден 1959 ,кој е,,тајниот министер за надворешни’’,многу време пред да биде назначен на таа функција во мај 2009.Беше советник на Ердоган уште од 2002 и беше спремен да ја менува дотогашната пасивна политика на Турција, која реагираше само ако беше нападната.Неговата концепција беше запишана во книгата од 2001 г. ,, Стратегиска длабочина – Меѓународната положба на Турција’’
За разлика од претходните министри тој не доаѓа од редовите на урбаната елита , и затоа пак немал никогаш подршка од либералните кругови кој потекнуваат од Истанбул или Анкара.Тој по потекло е од Анадолискиот централен град Konya (латински Iconium-Икона ), и како премиерот Ердоган и претседателот Ѓул припаѓа на т.н Анадолиска елита која е Исламистичка и конзервативна.Во сферата на надворешната политика нивниот приод е многу попрагматичен и модерен во однос на претходниците.
Пред да стани политички советник Давутоглу ја гледаше Турција како меѓународен играч со силни мускули , слаб стомак ,проблеми со срцето и средно-развиен мозок.Со други зборови таа имаше силна војска , но слаба економија , недостигаше самодоверба и не беше добра во стратешкото размислување.Тогаш го водеше Институтот за меѓународни односи на Бејкент Универзитетот во ИстанбулТаму веќе од неговите колеги Дујгу Сезер и Али Караосманоглу беше предложен концептот на ,,голема стратегија‘‘ за Турската надворешна политика како замена за дотогашниот реактивен пристап.
Наместо Турција да губи драгоцено време за акција,таа треба да стане агресивна – во позитивна смисла,тврдеше тогаш политологот Хусеин Багџи.Треба да се чувствува нејзиното присуство насекаде,и да придонесе во регионалните и глобалните случувања.
До неодамна такви поими не се сретнуваа во дискусиите за Турската надворешна политика.Но , откако АКП партијата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган дојде на власт во 2002 година,промената на надворената политика стана возможна.
Главниот архитект на новата надворешна политика на Турција е токму Ахмет Давутоглу.И тоа уште од 2002 кога беше советник на Ердоган за во мај 2009 да го замени Али Бабаџан на местото министер за надворешни работи. Неговата доктрина ,која владата на Ердоган ја има усвоено и ја спроведува , е изложена во книгата ,,Стратегиска длабочина‘‘(2001)Клучен поим е стратегиската длабочина која подразбира компоненти на историска и географска длабочина,зошто на еден евроазиски геополитички простор ,со векови Турција била епицентар на случувањата.Во таа смисла има значајни компаративни предности во однос на други држави во регионот , па и пошироко.Турција има единствена геополитичка и геоекономска положба на раскрсница но и на местото на сретнување на континенти, култури и цивилизации,како и во близина на наоѓалишта на највжните енергетски ресурси.Други предности на Турција се демократското уредување ,просечно младото и динамично население, како и рзавиена научна и технолошка инфраструктура.Поседувајќи ги сите овие квалитети , Турција не смее да си дозволи во контекст на највжните светски случувања да биде и понатаму периферна земја.Сето ова треба да се операционализира низ неколку приоритети.
Прво проблемите со соседите да се сведат на нула.Средувањето на тие проблеми да ги релаксира билатералните врски, што пак ќе го зголеми маневарскиот простор на Турската политика на регионално и глобално ниво.
Мултидимензионалност и диверзификација на Турската политика.Релативизирање , но не и дасе доведе во прашање , цврстата поврзаност со САД и НАТО , поголема отвореност кон Русија и Кина, и декларативно одржување на евроинтеграцискиот ентузијазам.
Давутоглу се залага за ,,нов дипломатски јазик‘‘, односно нов стилл на Турската дипломатија каде ќе бидат вклучени компетентни експерти од разни профили.
На крај , за да се зголеми ефикасноста на дипломатското ангажирање , посебно во регионалната соработка , Давутоглу се залага и со личен пример ,за што поголема подвижност , чести работни посети на странски престолнини , како и покани на колеги од надвор во Турција.
Денес таа политика се реализира и Турција е инволвирана на различни нивоа во меѓународната политика, но и како посредник во конфликти на Балканот , Средниот Исток и Кавказјето.
Улогата на дискретен преговарач ja зајакна позицијата на Турција во регионот, старите непријатели како Русија , Сирија или Ирак , сега се најблиски сојузници.Особено Русија стана еден од најважните енергетски и трговски партнери.За време на кризата во Грузија,Турција беше таа што доведе до потпишување на мировен договор помеѓу Русија и Грузија.
Давутоглу беше најзначајната личност во тајните преговори помеѓу Сирија и Израел во 2008.Благодарение на него се затоплија односите на Турција со автономната Курдска област во северен Ирак.
Со децении немало дипломатски односи со Ерменија, се додека претседателот Абдула Ѓул не направи официјална посета на земјата за отварање на границите.
На Блискиот Исток , Турција игра значајна улога како посредник меѓу Израелците и Палестинците.И покрај инцидентот во Давос со Шимон Перес , Ердоган сепак останува неопходен преговарач за во иднина , а во одредено време имаше дури и обид за посредување помеѓу Палестинските групи Хамас и Фатах.
Мотор за трансформација на целиот регион
Давутоглу смета дека потенцијалот на Анкара за извршување на позитивни промени во регионот, е една од главните предности што треба да се добијат од соработката на ЕУ и Турција во надворешната политика.ЕУ е веќе придвижувач на промените во Турција , и заедно ЕУ и Турција би можеле да станат мотор за трансформирање на целиот регион.
Во Арапскиот свет промените во Турција се пратат внимателно, и се зборува за модел кој е динамичен и кој вреди дасе имитира.
Во самата Турција пак некои критичари се иплашени од ваквата про-Арапска , Исламистичка политика , изразувајќи сомнежи дека новата политика е знак дека Анкара го губи својот интерес за ЕУ.
Исто така неговата нова стратегија во надворешната политика има и тоа какво влијание на размислувањата на самите Турци за нивното Османлиско минато.‘‘Новата позитивна улога на Турција во светот бара помирување со минатото,надминување на табуата и позитивен концепт за турскиот идентитет.Ние сме наследници на Османлиите и не треба дасе срамиме од тоа.Фактот дека на луѓето им е дозволено да зборуваат Курдски во јавноста како и да читаат на Арапски не значи дека републиката ќе се распадни‘‘- тврди Запсу , близок советник на Ердоган.
Ахмет Давутоглу -Турскиот Кисинџер кој зборува течно Арапски исто така може да има големо влијание и на промената во начинот на размислување на Арапскиот свет , и за нивно приближување и намалување на разликите произлезени од вечните непријателства.
За Балканот пак ке каже дека Турција политиката на нулта проблеми што ја следи , ја активира не само за себе туку и за земјите од регионот ,така што посакува дасе воспостави стабилност во Косово , Македонија и меѓу тројката Босна и Херцеговина ,Србија и Хрватска.
Најубавото деколте од Оскар
// март 11th, 2010 // No Comments » // блогосфера, сеир, филм, фото
Изберете кое е за вас најубаво деколте од доделувањето на Оскар
Несреќни решенија за лого
// март 9th, 2010 // 1 Comment » // блогосфера, сеир, сешто, хумор

Има ли облека ?

Барем знаеме зошто антената е среќна

Хммм пица ?

Само за здравје нека е!

Да , да вистински алатки

Папокот на девојката

Е па на здравје , што да кажам !
За жените
// март 8th, 2010 // 3 Comments » // блогосфера, лично, сешто, љубов
За секој ден во годината

Пријатни моменти , секој следен уште поубав нека е!
Станувајте порано-Германија на Грција
// март 7th, 2010 // 6 Comments » // блогосфера, вести, политика
Германскиот таблоид Билд го потсетува Папандреу за разликите во нивните земји

Влеговте во поинква земја од вашата
Откако вчера двајца Германски политичари повикаа Грција да ги продаде своите острови , историски згради и уметнички дела,пред да примат помош,таблоидот Билд напиша отворено писмо до Грчкиот премиер Јоргоc Папандреу :
Драг премиеру
ако го читате ова влезени сте во земја различна од вашата.
Вие сте во Германија.
Овде луѓето работаат додека не навршат 67 г. и не постои 14-та плата за јавните службеници.Тука никој не мора да плати 1000 евра мито за да добие кревет во болница навреме.
Нашите бензински станици имаат регистер-каси , нашите таксисти издаваат сметки , а земјоделците не ги измамуваат ЕУ фондовите со милиони непостоечки маслинови дрвја.
Германија исто така има високи долгови но ние можиме да ги расчистиме.Тоа е затоа што стануваме рано, и работиме по цел ден.
Сакаме да бидеме пријатели со Грците.Затоа откако се придруживте во еврозоната Германија на вашата земја и има даено 50 млрд. евра.






